Има отстапки од правилата, Роналдо може да настапи против Барса со негативен тест на 48 часа пред мечот?!
Попладнево беше објавено дека Кристијано Роналдо и понатаму е позитивен на коронавирус, па тоа значи дека нема да игра против Лео Меси и Барселона во Лигата на шампиони. Според правилата на УЕФА, потребен му е негативен тест на седум дена пред мечот.
Сепак, голем број на извори пренесуваат дека има отстапки и дека е доволен и негативен тест на ковид-19 на 48 часа пред мечот.
Како пример се посочува случајот со дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони кој настапи против Борусија Менхенгладбах и покрај тоа што негативниот тест не беше на 7 дена пред мечот.
Според АС, Јувентус може да побара и посебна дозвола од УЕФА за Кристијано Роналдо да настапи со негативен ПЦР тест на 24 часа пред натпреварот.