петок, 29 март 2024

Партија на кариерата за Дежонте Мареј, со 44 поени ја предводеше Атланта до победа над Бостон (ВИДЕО)

По голема борба во која имаше и продолжение, Атланта со 123-122 го победи Бостон, а ѕвезда на мечот беше Дежонте Мареј кој постигна 44 поени, најмногу во кариерата. Тој ги реализираше сите 11 поени во продолжението за неговиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Атланта и Бостон одиграа крајно неизвесен меч во кој главната улога ја имаше Дежонте Мареј кој ја одигра партијата на кариерата.

Богдановиќ со тројка изедначи на 112-112, што беше конечниот резултат во регуларниот тек. Тејтум имаше шут за победа, но не го реализираше, па натпреварот отиде во продолжение.

Во продолжението царуваше Мареј, ги постигна сите 11 поени за Атланта меѓу кои и победнички кош во последната секунда од натпреварот, конечниот резултат беше 123-122.

Мареј мечот го заврши со 44 поени, имаше по седум скока и асистенции, Богдановиќ реализираше 24 поени, најдобар кај Бостон беше Тејтум со 31 поен и 13 скокови.

Резултати:
Атланта – Бостон 123-122
Њу Орлеанс – Милвоки 107-100

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ