Две лица уапсени пред домот на Озил, сопругата на Колашинац поради закани побегнала од Лондон
Арсенал не ги повика Германецот и Босанецот за гостувањето кај Њукасл во воведното коло од Премиерлигата. Без да откриваат детали, „топчиите“ само посочија дека имало нови безбедносни инциденти откако пред две недели Месут Озил и Сеад Колашинац беа мета на крадци.
Медиумие сега пишуваат дека во четвртокот вечерта биле уапсени две лица пред домо на Месут Озил. Полиција била повикана откако тие влегле во расправија со обезбедувањето на фудбалот.
Според пишувањата на Сан, Озил и Колашинац се под 24-часовна заштита, и се наоѓаат во средината на судир помеѓу две банди. Весникот исто така вели дека сопругата на Босанецот е исплашена од заканите па побегнала од Лондон и се вратила во Германија.