МКД.мк

Директорот на Манчестер Сити е во Каталонија, „граѓаните“ за Меси нудат 100 милиони евра плус тројца играчи

Генералниот извршен директор на Манчестер Сити, Феран Сориано во Каталонија, се шпекулира дека Манчестер Сити за ангажман на Лео Меси нуди 100 милиони евра плус услугите на Бернардо Силва, Габриел Жесус и Ерик Гарсија.

Манчестер Сити не стои со скрстени раце по веста дека Лео Меси сака да замине од Барселона. Според пишувањата на ТВ3, генералниот извршен директор, Феран Сориано е во Каталонија.

Спорт пак додава дека се подготвува понуда која ќе изнесува 100 милиони евра, плус тројца играчи. „Граѓаните“ на маса ги ставиле Бернардо Силва, Габриел Жесус и Ерик Гарсија.

Некои извори пак велат дека таткото на Лео, Хорхе Меси е во Англија, но Марка тврди дека тој е во Росарио (Аргентина) и планира дури следната недела да допатува во Европа.


Извор: https://www.mkd.mk/sport/fudbal/direktorot-na-manchester-siti-e-vo-katalonija-gragjanite-za-mesi-nudat-100-milioni-evra