Дибала преферира трансфер во Милан наместо во Интер, но...
Пауло Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и треба да си најде нов клуб. Интересот за неговите услуги е голем, а според пишувањата на Кориере дело Спорт, доколку напаѓачот реши да остане во Серија А, прферира трансфер во Милан наместо во Интер, каде ќе се сретне со Бепе Марота.
Проблем е неговата плата, Паоло Малдини има поставено лимит од 4,5 милиони евра. Може да се направи исклучок во одредени случаи, но тоа може да го наруши балансот во соблекувалната.
Пауло Дибала преку своите агенти дал сигнали дека сака да преговара и според КДС, топката сега е во рацете на Малдини, Масара, Газидис и фондот Елиот, кој ќе го има последниот збор.