Циципас со моќна игра до полуфиналето на Австралија опен
Циципас е третиот полуфиналист на грен-слем турнирот во Мелбурн, денеска одигра речиси перфектна партија против италијанскиот тенисер Синер.
Мечот не траеше ни два часа, а Циципас го доби со 6-3, 6-4 и 6-2.
Тој во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Медведев и Оже Алиасим.
Синоќа беше формирана првата полуфинална двојка, Надал против Беретини.