МКД.мк

Челси е во форма, гостинска победа кај Њукасл (ВИДЕО)

Челси ја оправда улогата на фаворит и со 2-0 победи на гостувањето кај Њукасл, со овие три бода сините избија за момент на првото место на табелата во Премиерлигата. 

По променливите игри на почетокот од сезоната, тимот на Лампард влегува во форма, денеска Челси дојде до прилично лесни три бода.
 
Гостите поведоа уште во десетата минута со автогол на Фернандеш.
 
Тој резултат беше актуелен до 65. минута кога по еден супер продор на Вернер и асистенција, Абрахам ги постави конечните 2-0.
 
Челси со овие три бода изби на првото место на табелата, тоа веројатно нема долго да трае бидејќи дури четири екипи може да го престигнат ова коло.


Извор: https://www.mkd.mk/sport/fudbal/chelsi-e-vo-forma-gostinska-pobeda-kaj-njukasl-video