МКД.мк

Благоја Милевски утре ќе биде промовиран во нов селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за утре закажа прес-конференција на која ќе биде промовиран новиот селектор, Благоја Милевски. 

Милевски официјално работата како селектор ја почна со стартот на овој месец. ФФМ за утре најави негова официјална промоција.
 
На закажаната прес-конференција од 12 часот ќе се обратат претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и новиот селектор, Благоја Милевски.
 
Милевски доаѓа на местото на Игор Ангеловски кој направи историски успех со пласманот на Македонија на Европското првенство.
 
Македонија има добар старт на квалификациите за Светското првенство, па задача на Благоја Милевски ќе биде да ги продолжи добрите резултати и да избори барем бараж за пласман на Мундијалот.

Извор: https://www.mkd.mk/sport/fudbal/blagoja-milevski-utre-kje-bide-promoviran-vo-nov-selektor-na-makedonija?page=1