„На 28 јули 2023, пријавениот на парцела во Гостивар, ангажирал градежни работници кои извршиле градежни работи, без претходно да се стекне со одобрение за градење издадено од надлежен орган“, информираше МВР.
За истото кривично дело исто така вчера полицијата од Крива Паланка подела кривична пријава против Г.С. од истиот град.
„Пријавениот во текот на 2023 година, изградил објект на улица 8-ми Октомври, а притоа не поседувал одобрение за градба издадено од надлежен орган“, информираше МВР.