среда, 8 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Апасиев: СДСМ го пасокизиравме, ЗНАМ го преполовивме, а ДПМНЕ го чека пекол во Собранието

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вечерва изјави дека партијата успеала во тоа што го најавуваше пред изборите, а тоа е СДСМ, црвената буржоазија, како што се изрази, да се „пасокизира“ и најави дека на ВМРО-ДПМНЕ Левица со можеби седум пратеници, ќе му биде пекол опозиција. За Движењето ЗНАМ Апасиев нагласи дека Левица успеа да го преполови.

Објавено на

часот

Сподели

Апасиев рече дека во ИЕ 1 Левица има двајца пратеници, во ИЕ 2 портпаролот Амар Мециновиќ е „фиксен“ пратеник,  во ИЕ 3 рече дека Левица има еден фиксен пратеник, но дека за 200-300 гласа се борат за уште еден пратеник, со што, како што додаде, целиот Президиум ќе биде во парламентот. Во ИЕ 4, како што рече Апасиев, партијата има уште еден фиксен пратеник, додека во ИЕ 5 е фиксна Јована Мојсоска, првата жена пратеник од Левица.

„Тоа за што се залагавме успеавме, ја пасокизиравме СДСМ, ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата, паднаа на патос со 20 пратеници што не можевме ниту да го сонуваме“, рече лидерот на Левица.

„Друга наша победа и поркрај нашата маргинализација и фаворизација на проектот ЗНАМ, е што го прополовивме во однос на претседателските избори. А овој резултат е потврда дека изборниот систем каков што е, повторно не краде затоа што им водиме според бројот на гласови, а е можно да имаме ист број на пратеници. Затоа, првото барање на Левица ќе биде воведување на една изборна единица на целата територија на Македонија бидејќи сегашниот модел ни краде секаде по еден до двајца пратеници“, рече Апасиев.

Тој им се заблагодари на поддржувачите затоа што „не потклекнале на петпарачките к..тон вмровски медиуми“.

„Левица ќе продолжи за пет пати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, да знаат во ДПМНЕ дека ги чека пекол во Собрание со нашите борбени пратеници“, порача Апасиев.

Тој додаде дека веднаш Левица ќе почне да работи на подготовка за локалните избори и изрази надеж дека до изутрината ќе се знае резултатот на партијата и дека Левица ќе има седум пратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ