МКД.мк

Наумче Мојсоски е избран за нов директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометар, Наумче Мојсоски е назначен за нов директор на Агенцијата за млади и спорт. 

Владата на денешната седница го назначи Наумче Мојсоски за нов директор на Агенцијата за млади и спорт.
 
Тој на оваа позиција доаѓа на местото од Дарко Каевски кој стана пратеник во Собранието на Македонија.
 
Мојсоски беше претседател на Комисијата за спорт на СДСМ.

Извор: https://www.mkd.mk/sport/drugi-sportovi/naumche-mojsoski-e-izbran-za-nov-direktor-na-agencijata-za-mladi-i-sport?page=1