Најдобрата тенисерка објави крај на кариерата, Барти се пензионира на 25 години
Барти денеска го шокираше тенискиот свет откако неочекувано објави дека се повлекува.
„Мносу сум среќна и многу сум подготвена. Едноставно знаев, го чувствував моментот во моето срце, знам дека ова е правилна одлука. И знам дека луѓето може нема да разберат. Но океј сум со тоа. Бидејќи знам дека Еш Бартон е личност која има многу соништа што сака да ги оствари“, рече Ешли Барти.
Таа од 2019 кога го освои првиот свој грен слем, Ролан Гарос, досега е најдобра тенисерка. Лано победи на Вимблдон, а оваа година стана првата австралиска тенисерка по 44 години која го освоила Австралија опен.