четврток, 28 март 2024

Леброн се врати со трипл-дабл, Дурент подобар од Јокиќ (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс врза пет победи по ред откако славеше и на гостувањето кај Мемфис со 136-124, Денвер загуби на свој терен од Феникс со 97-104.

Објавено на

часот

Сподели

Леброн имаше одлично враќање по краткото отсуство поради повреда, тој постигна 23 поени, имаше 14 скокови и 12 асистенции. Најефикасен во составот на Лејкерс беше Хачимура со 32 поени, имаше и 10 скокови. Во тимот на Мемфис, Бејн постигна 26 поени.

Кевин Дурент го предводеше Феникс до гостинска победа кај шампионот Денвер. Тој беше најефикасен на мечот со 30 постигнати поени, имаше и 13 скокови. На Никола Јокиќ му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, постигна 22 поени, имаше 10 асистенции и девет скокови.

Резултати:
Шарлот – Кливленд 118-111
Орландо – Голден стејт 93-101
Вашингтон – Бруклин 119-122
Атланта – Портланд 120-106
Филаделфија – ЛА Клиперс 107-108
Торонто – Њујорк 101-145
Чикаго – Индијана 125-99
Мемфис – ЛА Лејкерс 124-136
Минесота – Детроит 106-91
Оклахома – Хјустон 126-132
Јута – Сан Антонио 111-118
Денвер – Феникс 97-104

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ