МКД.мк

Илинденскиот маратон ќе има променета патека (ВИДЕО)

Националната пливачка федерација информира дека поради ситуацијата со коронавирусот локацијата за старт на Илинденскиот маратон ќе биде променета. 

Стартот наместо кај хотелот Парк, оваа година ќе биде на градскиот кеј кај хотелот Тино. Промената е направена поради ситуацијата со коронавирусот, информираат од Националната пливачка федерација.
 
Илинденскиот маратон ќе се одржи на 2 август, тој воедно ќе биде и прва трка од Македонскиот куп во далечинско пливање оваа сезона.
 
Изгледот на новата патека на Илинденскиот маратон:
 

Извор: https://www.mkd.mk/sport/drugi-sportovi/ilindenskiot-maraton-kje-ima-promeneta-pateka-video