И Надал е поразен, Медведев против Тим во финалето на завршниот турнир во Лондон
Рафаел Надал и покрај тоа што во вториот сет имаше сервис за меч, не успеа да го победи Медведев и да се пласира во финалето.
Надал одлично влезе во мечот, го доби првиот сет со 6-3. Главната битка се случуваше во вториот сет. Надал водеше со 5-4 и сервираше за меч, но Медведев направи рибрејк израмни на 5-5, а потоа со 7-4 победи во тај-брејк за 1-1.
Во третиот решавачки сет, Надал имаше пад во играта, Медведев го доби сетот со 6-3, победи со 2-1 и утре ќе се бори за пехарот.
Во финалето ќе игра против Доминик Тим кој претходно со 2-1 го победи Новак Ѓоковиќ.