Ѓоковиќ испиша нова историја, Србинот по седми пат ќе ја заврши годината како број 1!
Новак Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот на мастерсот во Париз, Србинот вечерва со пресврт славеше со 2-1 против Хуберт Хуркач.
Полјакот го доби првиот сет со 6-3, но популарниот Ноле одигра фуриозно во вториот сет и го освои со 6-0. Во решавачкиот трет сет имаше голема борба, на крајот Новак Ѓоковиќ во тај-брејк стигна до 7-6 и големо славје.
Победата не само што му донесе финале во Париз, значеше и прво место на АТП листата во 2021, па тој испиша нова историја и стана првиот тенисер кој седми пат годината ја завршува како број 1.
🏆 2011
— ATP Tour (@atptour) November 6, 2021 [4]
🏆 2012
🏆 2014
🏆 2015
🏆 2018
🏆 2020
🏆 2021
Simply incredible, @DjokerNole [1] 👏 @FedEx [2] pic.twitter.com/DTmYrmQfUw [3]