По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Конески е ренесансна личност. Со неговото дело се вградуваме во светот на модерната цивилизација. Тој е творечка сила што извира од овие наши простори, со сензибилитет што му припаѓа на овој македонски народ. Неговото творештво го надминува локалното значење и станува универзално од повеќе аспекти. Покрај тоа беше учител по човекољубие и човечност. Вонвременска личност, достоинство на македонскиот народ, јазичен гениј чие дело и денес ја надградува македонската култура.
Елен самак
Мизерни мршојадци му одат по трагите,
напрегнато го демнат.
Нема да го домамат кон стадото
витите кошути со сребрен ѕвон на копитата.
Неговите рогови се заттлеткуваат во гранки
кога повтува да игра,
ноќе,
и наурез ја гледа месечината, —
за потоа да сети поголема бесмисленост на
животот.
Тој мора сепак да живее
и како извор да тече,
сè дури не го свие тој, не за сон а за смрт,
своето десно колено.