Во ЕСЧП има околу 300 тужби против Македонија, вели Спано
„Целта на оваа посета е да се зајакне дијалогот помеѓу Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) . Дијалозите ќе продолжат, а тоа го покажа и потпишувањето на протоколот 16. Важно е да се продолжи дијалогот, да се зајакне свеста на националните судови и ЕСЧП. Националните судови се гарант дека ќе се почитуваат правата на граѓаните. Сакам да нагласам дека корупцијата е непријател на демократијата. Сакам да сум дел од една континуирана дебата во Европа, кога станува збор за предизвиците и пандемијата која имаше многу последици во различни општества", нагласи Спано.
На новинарско прашање во врска со поднесената тужба до ЕСЧП која се однесува на нечовечно постапување со обвинетиот бизнисмен, Јордан Камчев, Спано појасни дека не е во позиција да дискутира за случајот бидејќи таа постапка трае.
„Не сум во позиција да дискутирам за случајот кој е се уште во тек, односно судови и неговиот регистар обезбедуваат податоци и тоа не е информација што можам да ја споделам, туку е нешто што може да се добие со барањето во регистарот", појасни Спано.
За тоа колку случаи има од Македонија во врска со дискриминација и жалби до ЕСЧП против Македонија, тој одговори дека има 300 тужби.
„Во однос на тоа прашање има точно 300 предмети кои се во тек, но ќе ви обезбедиме точен податок по завршувањето на прес-конференцијата. За спроведувањето на пресудите одговорноста на министерот е да го следи постапувањето и министерството или министерот треба да водат грижа за тоа", додаде Спано.
За тоа дали досието за должината на траење на предметите пред ЕСЧП на Македонија се подобрува, тој дополни дека е добро тоа што има реформи.
„Кога станува збор за статистиките поврзани со оваа земја и со многу други земји на Советот на Европа, морам да кажам дека времетраењето на постапките остануваат предизвик", вели Спано одговарајќи на новинарско прашање дали се подобрува досието на државава во однос на времетраењето на судските процеси.
Негов општ впечаток, како што рече, е дека земјата на национално ниво му пристапува сериозно и, како што кажа, сигурен е дека ќе има подобрување во иднина.