Ристовски имал покачена температура, одложено сведочењето на Гаши
Ристовски, присуствуваше на првиот дел од рочиштето, кога сведочеше премиерот Зоран Заев, но по паузата му била измерена повисока температура и не му било дозволено да влезе за вториот дел, кога требаше да сведочи пратеникот Африм Гаши.
Заев, кој е повикан како сведок на одбраната, на прашање на бранителот на Трајко Вељановски, рече дека бил присутен на продолжението на конатитутивната седница на 27 април 2017 година во Собранието. [1]
На прашање од Судот, што има да додаде во однос на конститутивната седница, Заев рече дека сака да даде свое мислење за случувањата на 27 април.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста"