четврток, 18 април 2024

Катастрофални поплави во Русија, околу 18.000 куќи поплавени, илјадници евакуирани (ВИДЕО)

Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа недалеку од границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државната новинска агенција Тас објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.

Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир се најтешко погодени од катастрофалните поплави во близина на јужната граница со Казахстан.

Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во областa Тјумен во Сибир.

Во моментов во опасност од поплави се приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе. Во четвртокот властите евакуирале 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортирале на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.

Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо.

Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ