Кузеска: ПИОМ е стабилен, ќе има дополнително зголемување на пензиите
Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски остануваат посветени на заштита на животниот стандард на сите граѓани и растот на пензиите ќе продолжи и оваа година, рече Кузеска.
„Фондот за пензионско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите. Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време“, рече портпаролката.
Кузеска нагласи дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна, а тоа го потврдува и податокот за растот на просечната плата, која во ноември 2021 година, како што рече, изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година.
Таа најави дека покрај субвенциите за сметките за електрична енергија за 7.500 семејства, во подготовка е нов сет на мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на негативните последици од кризата.