Специјалните единици на МВР го најдоа телото на момчето кое исчезна во Преспанското Езеро
„Денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен .По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, велат од МВР.