ВМРО-ДПМНЕ: Го молиме Заев да не биде храбар, неговата храброст е себепонижување на Македонците
Нека ги праша Заев советниците околу него зошто до сега нема договор со Бугарија, и зошто до сега никој не го потпишал, а ако тие не сакаат да му кажат, еве му го одговорот, затоа што никој до сега не сакаше да ја понижи нацијата како што тоа го прави Заев, неговата храброст е себепонижување на Македонците.
Заев само треба да ја почитува Декларацијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а ја поддржаа сите парламентарни партии, вклучително и СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.