СДСМ: Мицкоски се загуби поради „црната листа“ на САД па е деструктивен
Од партијата велат дека граѓаните не ги интересира себичната политичка желба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, а дека СДСМ останува посветено да работи во интерес на граѓаните и државата.
„Пред нас е одговорна работа, справување со последиците од најголемата криза по Втората светска војна којашто Владата предводена од премиерот Ковачевски успешно ја спроведува. Но, сето ова Мицкоски не го интересира, бидејќи наместо за интересите и потребите на граѓаните, единствено се грижи за неговата политичка кариера. Владата и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се стабилни и нема да дозволат изгубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да направат штета на граѓаните, нема да дозволат да влеат несигурност или нови кризи“, се вели во соопштението на СДСМ.