МКД.мк

СДСМ: Губитникот Мицкоски се лаже ако мисли дека со протести ќе ги загрози преговорите со ЕУ

Губитникот Мицкоски се лаже ако мисли дека со протести ќе го загрози преговарачкиот процес со ЕУ, граѓаните нема да му дозволат да ја закочи татковината, порача денеска Социјалдемократскиот сојуз.

Очајот и фрустрациите по поразот на изборите кај Христијан Мицкоски од ден на ден се зголемуваат, а последен доказ за тоа се неговите најави за наводни протести наесен иако државата пред само неколку дена доби нова, европска влада, вели СДСМ.

Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.

Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата.

Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, со Зоран Заев на чело на владата што ја предводи, вели партијата.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/soopshtenija/sdsm-gubitnikot-mickoski-se-lazhe-ako-misli-deka-so-protesti-kje-gi-zagrozi