Алијанса за Албанците: Нема причини Беса и натаму да остане владин коалициски партнер
„Од кога правото за утврдување на етничка припадност треба да помине на тендер? Каде остана вашиот заеднички договор и ветување во изборната кампања на коалицијата Можеме кон Албанците, или ова беше следната двојна измама од страна на СДСМ-Беса? До кога секое право на Албанците ќе мора да поминува низ вашите тендери, за да имате финансиска корист? Во врска со вашиот коалициски партнер, Беса, ги прашуваме што е причината за нивниот понатамошен престој во Владата, кога единственото залагање и образложение за коалиција под чадорот Можеме беше воведување на етничката припадност во личните документи“, соопшти Алијанса за Албанците и побара одговорност и отчет за секој неуспех и измама пред граѓаните.