Утре и задутре посебен сообраќаен режим во Скопје
Поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентон, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.