Попладнево на скопскиот аеродром пристигнаа уште 14 авганистански граѓани
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.
Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан. Од Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.