МКД.мк

На плоштадот „Македонија“ се поставува новогодишна елка

Од Град Скопје информираат дека централното градско подрачје, плоштадот „Македонија", улицата „Димитрија Чуповски" и булеварот „Илинден" од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања.

Оттаму посочуваат дека денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“.

„Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје“, информираат од прес-службата на Град Скопје.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/na-ploshtadot-makedonija-se-postavuva-novogodishna-elka?page=1