четврток, 18 април 2024

Украинскиот премиер: Трета светска војна ако САД не ѝ помогне на Украина

Украинскиот премиер Денис Шмихал кажа дека ќе дојде до „трета светска војна“ ако Украина го изгуби конфликтот со Русија, и го повика американскиот Конгрес да го усвои законот за странска помош кој долго време е блокиран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шмихал за Би-би-си изрази „внимателен оптимизам“’ дека американските пратеници ќе ја усвојат жестоко оспоруваната мерка – 61 милијарда долари наменети за Киев.

Претставничкиот дом би требало да гласа за пакетот оваа сабота. Предлогот вклучува оружје за Израел и Тајван.

Зборувајќи за Би-би-си вчера во Вашингтон, Шмихал за американската безбедносна помош кажа: „Овие пари ни се потребни вчера, не утре, не денес. Ако не се заштитиме, Украина ќе падне. Значи глобалниот систем за безбедност ќе биде уништен. И целиот свет ќе мора да најде нов систем за безбедност. Или ќе има многу конфликти, многу вакви војни. И на крајот тоа може да доведе до трета светска војна“.

Би-би-си наведува дека ова не е првпат Украина да дава такво алармантно предупредување за последиците на својот потенцијален пораз.

Минатата година претседателот Володимир Зеленски кажа дека Русија, ако победи во конфликтот, може да изврши инвазија на Полска, што би предизвикало трета светска војна.

Руските власти ги отфрлаат таквите тврдења како западно заплашување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ