МКД.мк

Без вода жителите на улиците „Варшавска“, „Прашка“ и „Париска“

Без вода вечерва ќе останат жителите на улица „Варшавска" и неколку други улици. Како што известуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација" Скопје прекинот ќе биде од 17,45 часот до завршување на дефектот. 

„Ве известуваме дека на ден 24.05.2019 година поради дефект на приклучна цевка од Ф1" (Цол ) на ул.Варшавска бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Прашка" , дел од улицата „Париска" од 17, 45 часот до завршување на дефектот", се вели во известувањето.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/bez-voda-zhitelite-na-ulica-varshavska-prashka-i-pariska?page=1