четврток, 25 април 2024

Лукашенко: Русија распореди неколку десетици нуклеарни оружја во Белорусија

Русија распореди неколку десетици нуклеарни оружја во Белорусија, соопшти белорускиот претседател Александар Лукашенко на состанок на кој се разговарало за воената доктрина и концептот на безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Лукашенко, Русија „по неговото упорно барање“ донела одлука да стационира „одреден број тактичко оружје“ во Белорусија.

„Неколку десетици најнови нуклеарни оружја“, прецизира тој.

Русија минатата година испрати тактичко нуклеарно оружје да биде стационирано во Белорусија, иако нема детали за тоа колкав број се.

Москва соопшти дека ќе ја задржи контролата врз оружјето, кое е дизајнирано за употреба на бојното поле и има краток дострел и релативно мала моќност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ