МКД.мк

Утре со температури и до 18 степени

Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени. Маврово 11, Охрид 13, Битола 14, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 15, Дојран 18.

До вторник ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во среда попладне и во четврток претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има локални врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/razno/utre-so-temperaturi-i-do-18-stepeni?page=1