Сончево и топло, магливо утро
Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 20 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено вдолж Повардарието.