МКД.мк

Се јави сопственикот на Беса транс: Патниците секогаш ги сметавме за наше семејство

Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување, напиша вчера на својот фејсбук-профил Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“, компанијата во чиј автобус на 23 ноември во Бугарија загинаа 45 патници.

„Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за наше семејство. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.

Македонските власти соопштија дека автобусот во кој загинаа 45 патници немал извод од лиценца за меѓународен сообраќај и дека не бил стар три, туку 13 години. Овој автобус во последната година без лиценца повеќе од 130 пати ја поминал македонската граница.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/razno/se-javi-sopstvenikot-na-besa-trans-patnicite-sekogash-gi-smetavme-za-nashe