„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг и мислам дека на 8 мај ќе славиме победа не само овде во Крушево, туку и во цела Македонија“, рече Пендаровски пред крушевчани.
Тој им кажа на граѓаните дека веројатно и до нив стасале „муабетите“ ширени од политичките противници за бојкот на вториот круг од претседателските избори.
„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме“, истакна Пендаровски денеска во Крушево.