Поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски почина од ковид-19
Ангеловски, како што објавија повеќе медиуми, на инфективното одделение во Велес бил хоспитализиран на 7 октомври, но откако по неколку дена му се влошила ситуацијата, тој бил префрлен на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје. Неколку дена бил прикачен на респираторна машина, по што вчера починал. Ангеловски имал 41 година.
Ангеловски е 25-та жртва од коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата, а во овој град од минатата недела до сега починаа 10 лица.
Инаку, Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули оваа година.