Услови за локален, слаб и краткотраен дожд ќе има и за време на овој викенд, но ќе има и сончеви периоди.

Од средината на наредната недела ќе има и позначителен пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат и над 20 степени а во најтоплите предели од државава и над 25 степени. Сето ова секако ќе биде и проследено со ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено ќе биде засилен по интензитет.

Ваквата временска состојба ќе услови значително неповолни биометеоролошки услови па така кај поголем број граѓани можни се мачнини и појава на здравствени проблеми, особено кај метеопатите.