МКД.мк

Од утре обилни врнежи и пад на температурите

Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, а од четврток со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м 2 за 24 часа.

Врнежите, како што соопшти УХМР, ќе бидат проследени со повремено засилен ветер.

Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/razno/od-utre-obilni-vrnezhi-i-pad-na-temperaturite