МКД.мк

Облачно, студено, врнежи од дожд, на планините снег

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 6, Битола 5, Крива Паланка 2, Берово 6, Кавадарци 7, Дојран 8.

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 1 до 10 степени.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/razno/oblachno-studeno-vrnezhi-od-dozhd-na-planinite-sneg