Облачно со слаб снег и силен северен ветер
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре и в понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.