Облачно со локални врнежи од дожд
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид 11, Битола, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 20.
И утре времето ќе биде променливо облачно, наутро посвежо со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. На планините врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе се движат од 1 до 18 степени.