Oблачно и малку потопло
Во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени. Маврово 1, Охрид и Битола 4, Крива Паланка и Берово 2, Кавадарци 6, Дојран 9 степени.
Утре во најголем дел од денот ќе се задржи стабилно време со пораст на температурата. Во ноќните часови, како и во сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.