Македонец доботник на престижна награда во Словенија
Како што потврди Давидов за МИА, наградата е за неговиот докторат од областа на подрачјето на електромобилноста.
„Тоа е всушност признание за квалитетот на докторатот, неговата препознатливост и убедливост за ова подрачје“, појасни тој.
Наградата ќе му биде доделена на 19-ти овој месец, на свечената приредба по повод сто години од основањето на Универзитетот.
Младиот неготинец докторираше на 28 години. Во земјава беше добитник на наградата за најдобар млад научник за 2017 година. Во моментов работи во Службата за технолошки развој на „Електро Љубљана“, поточно словенечката „Електродистрибуција“.