Канцелариите на „Беса транс“ од вечерва се запечатени
Вечерва на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека МВР постапува по наредби дадени од Обвинителството, но не прецизираше за што точно имаат наредби во интерес на истрагата.
На прашањето каде се сопствениците на „Беса транс", компанијата чиј автобус изгоре во трагична автобуска несреќа во Бугарија, министерот за внатрешни работи Спасовски изјави дека тие се достапни и дека со нив се раговара, но не одговори каде се.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дополни дека автобусот на „Беса транс" во кој загинаа 45 патници,за превоз на патници користел неважечки извод од друг автобус.