Битола за половина час се затрупа со снег, врнежи и во Прилеп (ВИДЕО)
Како што јавува ТВ Тера [1], низ големите сообраќајници во Битола е отежнато движењето на возилата, автобусите го забавуваат сообраќајот на кружните текови, а со автомобил е тешко искачувањето на повисоките места, како што е Брусничката населба.
(Видео на ТВ Тера)
Во Прилеп исто така претпладнето врне снег, а градоначалникот Борче Јовчески одржа итен состанок со фирмата задолжена за чистење на градските улици.
Фото: Општина Прилеп