среда, 8 мај 2024
Избори 2024

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома, рече Сиљановска Давкова

Гордана Сиљановска Давкова на вечерашната прес-конференција праша со што ја заслужила честа да биде прва жена претседател на Македонија и додаде дека граѓаните покажале граѓански имунитет. На новинарско пашање за нејзиниот политички опонент Стево Пендаровски таа рече дека слушнала оти тој рекол дека и ѕвонел на телефон, но таа го заборавила мобилниот дома, па испратила луѓе да ѝ го донесат.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

„Со што ја заслужив оваа чест? Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми честита, ама за жал, сум го заборавила телефонот дома“, рече Сиљановска Давкова.

Според првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени речиси половина од гласачките ливчиња, води кандидатктата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова со освоени 235.552 (63,42%), а Стево Пендаровски од СДСМ има 111.703 (30,07).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ