28 меѓуградски автобуси исклучени од сообраќај
Од МВР информираа дека 23 се санкционирани поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности.
„Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопштија од МВР.