Во Штип во ноември или февруари ќе се гласа за нов градоначалник
„Верувам дека Владата заедно со Советот на општината ќе изнајде решение кога е најдобро да се гласа за нов градоначалник, но пред сè во консултации со Министерството за здравство. Дали е најдобро да се оди на избори сега октомври-ноември или во февруари затоа што рокот в.д. градоначалник една општина може да има најмногу шест месеци, по што се оди на избори. Верувам заедно ќе ја утврдиме одлуката и после ќе се оди на избори“, изјави денеска мандатарот Зоран Заев.