МКД.мк

Љубчо Георгиевски го поддржа Зоран Заев

ВМРО-Народна партија со свои самостојни кандидатски листи ќе настапи во Тетово, Илинден, Могила, Чашка и Демир Хисар, а во останатите општини ќе ѝ даде поддршка на коалицијата Најдоброто за нашата општина предводена од СДСМ.

Денеска претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и генералниот секретар и пратеник Љупчо Балкоски, како и општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Делчево, дадоа поддршка за кандидатката за советник од редовите на ВМРО-Народна партија и коалицијата Најдоброто за нашата општина предводена од СДСМ, Бојана Гоцевска, и кандидатот за градоначалник на Делчево Горан Трајковски, информираа од ВМРО-НП.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vmro-np-i-ljubcho-georgievski-so-poddrshka-za-sdsm-i-zoran-zaev